Новости

Битола инфо

Дистрибуција на доверливиот гласачки материјал до општинските изборни комисии

Рано утрово под силно полициско обезбедување од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола започна дистрибуцијата на доверливиот гласачки материјал до 80 општински изборни комисии низ државата. Процесот се одвиваше под надзор на претседателот на ДИК, Оливер Деркоски и членовите на Државната изборна комисија.

-Од аспект на подготвеност на материјал, се се одвива беспрекорно, во недела нема да имаме никакви проблеми барем што се однесува до квалитетот и изработката на гласачкиот материјал, истакна Деркоски.

Безбедноста на гласачките ливчиња е на највисоко ниво, вели Драги Милошевски, директор на печатницата Киро Дандаро.

-Овие ливчиња имаат 21 заштита, така што не е можно да се фалсификува ниедно ливче. Оргиналните записници се направени на заштитна хартија, која не може да се копира и да се преправа, на специјална хартија со генерирани податоци за секое избирачко место, истакна Милошевски.

Претседателот на ДИК, Дерковски ги демантираше и лажните шпекулации за изгледот на гласачкото ливче кои се појавија по социјалните мрежи.

-Гласачкото ливче го содржи знамето на нашата држава, редните броеви на кандидатите имињата на презимињата и симболите на политичките партии кои дадоа согласност, никакви други ознаки на гласачкото ливче нема, да не се доведува до забвлуда јавноста дека има какви било други додатоци.

На избирачкиот список се запишани вкупно 1.808.131 гласач, а ќе се гласа на 3480 избирачки места. Во сабота ќе гласа дијаспората, каде се пријавени 1782 гласачи, а истиот ден ќе гласаат и 3583 болни и немоќни лица, како  и1600 затвореници и седум раселени лица.

GOLD
To Top