Новости

Битола инфо

Дневен билтен на СВР Битола

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 14 март извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас и светло. При контролата, констатирано е дека осум возачи управувале возило без возачка дозвола. Нерегистрирани биле шест возила и на мобилен телефон разговарале три возачи. Исто така, при контролата откриени се и други 19 прекршоци.

На 14март во околу 18.40 часот на улица Г. В. Карангелевски во Битола лицето Е.Е (37) и А.Н (45) од Битола го нарушиле јавниот ред и мир. По документирање на настанот на пријавените ќе им бидат издадени соодветни поднесоци.

На 14 март А. Ш (39) од с.Асамати во Полициска Станица Ресен пријави пожар во атарот на с.Асамати каде горела сува трска и поради силниот ветар огнот се движел кон с.Асамати. Интервенирано од страна на противпожарната единица Ресен и пожарот е локализиран и изгаснат.

GOLD
To Top