Новости

Битола инфо

Добра пракса – квалитетен кадар

Обуката на „ментори“ е дел од Учењето преку работа кај работодавач кои го налагаат реформите кои се случуваат последните години во Стручното образование.

Обучени се повеќе „ментори“ лица запослени кај работодавачите, кој треба да ги прифатат учениците во работната организација и со учење преку работа да му овозможат на практикантите да се стекнат со одредени компетенции предвидени со постоечкиот стандардард на кфалификација, наставниот план и програми.


Соработката со „Атанасови инокс“ започна на една таква обука, организирана од Стопанската комора, Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука.


„Атанасови инокс“ е мала занаетчиска работилница но отворена за нови идеи, која ги препозна бенефитите од практикантите кои би изведувале практична настава кај нив.
– добро обучен кадар
– избор на најдобри кадри за вработување
– постојана помош од практикантите.


Работодавачот Владимир Атанасовски од сите практиканти кои оваа година реализираа обука во неговата компанија направи избор на најадобрите двајца според негово мислење: Мешковски Мартин и Дејан Мушовски и планира по стекнувањето на учениците со диплома за завршена кфалификација да ги вработи во неговата фирма.

„Поради добриот пример за соработка меѓу СОУ „Таки Даскало“ и „Атанасови инокс“ сме вклучени во Мегународен регионален проект со работилници за одредување на профил на одговорно лице за практична настава кое треба да почне со работа во секое стручно училиште од 2019/20 год. Проектот е организиран од Култур центар од Австрија, Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука. Во овие работилници од цела Македонија се вклучен нашиот сектор за Геологија, рударство и металургија во соработка со „Атанасови инокс“ и „Електро машински училишен центар“ од Струмица и компанија со која соработуваат, како добри примери за организирана практичната настава.
Секторот Геологија- рударство и металургија при СОУ „Таки Даскало“ има потпишано меморандум за соработка и со други работни организации од Битола кои помагаат во едукацијата на нашите ученици.
Квалитетно изведената практична настава кај работодавачите со кои соработуваме им овозможува на нашите ученици да се стекнат со знаења и вештини за извршување на работни задачи во секторот, а потврда за тоа е дека 80% од учениците од последните две генерации веднаш по завршувањето на своето образование си најдоа место на пазарот на труд“, вели професорката Валентина Маневска.

 

GOLD
To Top