Новости

Битола инфо

Добро утро Битола – Заборавените кукли

Три дена, три мали претстави со три прекрасни актерки кои, за најмладата публика ќе овозможат незаборавни перформанси на тема: Добро утро, Добар ден и Добра ноќ во Битола. Идејата е да се случат три претстави во три дена, во различен дел од денот во се разбира различен амбиент. Бидејќи е лето, локациите се на отворено каде актерите ќе комуницираат интерактивно со публиката и ќе можат дирекно да ја вклучат во создавањето на претставите. Три актерки, ќе раскажат три различни приказни за другарувањето, со главен акцент на тоа дека, најубавите спомени се градат низ детска игра во парк, на улица, на Широк сокак, а не пред компјутери, таблети и телефони.


Првата претстава ќе се случи на 13 Јули Петок во паркот кај Сатот во 10 часот наутро.
Втората престава ќе се игра во долниот Градски парк наредниот ден 14 Јули во 18 ч попладне кога е и најголемата фрекфенција на родители и деца.
И третата претстава – перформанс ќе се игра во тревникот пред Центарот за култура во Недела 15 Јули во 20 часот – приказна за добра ноќ, под ѕвездите.
Автор на текстовите е: Билјана Крајчевска, дипломиран драматург и филолог,
а во реализацијата се вклучени трите дипломирани актерки: Маја Андоновска -Илијевски, Илина Чоревска и Викторија Степановска – Јанкуловска.

Evrotip
Евротип
To Top