Новости

Битола инфо

Донирани прочистувачи за воздух за основните училишта во Битола

Регионалниот управител на ЛУКОИЛ Македонија, г. Андреј Куку денес беше во посета на општина Битола каде се сретна со градоначалничката Наташа Петровска, каде беше договорена донација на прочистувачи за воздух за основните училишта во градот.

„Иако зимските денови штотуку не одминаа и сите чувствуваме растеретеност од високо загаденитот воздух, кој секоја година ги мачи граѓаните и претставува вистински проблем, решивме овој пат да делуваме однапред и да се подготвиме за следната зимска сезона. Па така ја продолжуваме акцијата за донација на прочистувачи која започна во Скопје и се префрлуваме во Битола каде во повеќе училишта ќе донираме прочистувачи за воздух. Оваа наша иницијатива би сакале и понатаму да продложи и на неа да се надоврзат и другите компании кои се во можност да помогнат. Децата се нашето богатство и важно е да се потрудиме средината во која го поминуваат поголемиот дел од денот да има задоволителни услови за работа и дружење“, изјави Андреј Куку, регионалниот управител на ЛУКОИЛ Македонија.

„Битола е еден од градовите кој се соочува со висока концентрација на штетни честички, посебно во времето на зимската сезона и ова е еден од начините како да се соочуваме со решавање на проблемите. Би сакала да искажам голема благодарност до ЛУКОИЛ кои покажаа добра волја и не поддржаа да помогнеме онаму каде е најважно. Преку повеќе акции и иницијативи поголемиот дел од градинките ги обезбедивме со прочистувачи, па така сега на ред се и основните училишта. Се надеваме позитивниот пример на ЛУКОИЛ ќе ги мотивира и останатите да се приклучат кон ваквите заложби“, рече градоначалничката Петровска.

Лукоил Македонија е општествено одговорна компанија која своите заложби за чиста и здрава средина ги реализира не само преку донации туку и со понуда на нови, поусовршени и високо-квалитетни еколошки горива кои се пријатели на животната средина. Како резултат на оваа заложбатие на пазарот ги нудат еколошките ЕКТО горива кои како петта генерација ги задоволуваат највисоките европски стандарди.

Evrotip
Евротип
To Top