Новости

Битола инфо

Дрога и оружје пронајдени кај 27-годишен битолчанец

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.М.(27) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење и трговија со оружје и распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “.

На 29.11.2018 година во Битола полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле куршум калибар 9 мм, куршум калибар 7,65 мм, експлозив „АНФО“ и 147,5 грама марихуана.

GOLD
To Top