Новости

Битола инфо

Едно лице загина во тешка сообраќајка кај Битола

На 13.03.2019 околу 06.50 часот на локалниот пат село Кукуречани – село Драгожани, битолско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило со битолски регистарски ознаки и патничко возило „Пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(52) од село Секирани, битолско. Во незгодата починал М.Ш.. Увид извршила екипа на СВР Битола и се работи на расчистување на случајот.

GOLD
To Top