Новости

Битола инфо

Едукативни активности на полицијата во градинката “Коца Василева”

Денеска во периодот од 09.00 до 11.00 часот со децата од големите групи од Детската градинка „Коца Василева” во Битола беше реализирано едукативно предавање на тема „Учиме за сообраќајот, да ги заштитиме децата во сообраќајот“ од страна на СВР Битола, односно Отсекот за превенција.

Оваа активност ќе продолжи и во другите детски градинки на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола во наредниот период, каде, низ игра и песна за нивно полесно помнење, дечињата ќе се запознаат со значењето на „полицаецот”, ќе учат за сообраќајната култура, правила и прописи.

GOLD
To Top