Новости

Битола инфо

Емилија Костурски назначена за заменик градоначалник на Општина Битола

Советничката од СДСМ, Емилија Костурски е назначена за заменик градоначалник на Општина Битола, а градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска ја назначи за заменик согласно Законот за локална самоуправа и Статутот на Општина Битола.

Решението е објавено во Службен гласник бр 4 на 2 април 2018 година.

Во решението стои дека заменик градоначалникот ќе го заменува градоначалникот на Општина Битола во случаи на спреченост или отсуство.

Костурски за време на заменувањето на градоначалничката, ќе ги извршува сите обврски и ќе ги има сите овластувања од надлежност на градоначалникот во согласност со законот. На заменик градоначалникот, согласно решението, му мирува функцијата член на Советот за времето додека го заменува градоначалникот.

 

 

 

Студирајте на БАС
To Top