Жена тешко повредена во сообраќајка во Битола – ја прегазил автомобил управуван од 71-годишен битолчанец

56-годишна жена битолчанка се здоби со тешки телесни повреди откако автомобил „Опел Корса“ со битолски регистарски таблици управуван од 71-годишен битолчанец удрил во неа синоќа пред зградата на општината во Битола.
Од полиција информираат дека сообраќајката се случила во 19:10 часот на булеварот „1 Мај“, кога автомобилот управуван од 71-годишниот Д.Д. удрил во жената. Жената веднаш била пренесена на битолската болница во животна опасност.
Од Клиничката болница во Битола велат дека жената е со коматозна контузија на мозокот и телото, во тешка состојба, а лекарите се борат за нејзинот живот. Интубирана е на вештачки респиратор, а будно се следи нејзината состојбата.
На местото на настанот увид направи екипа на јавен обвинител и полициски службеници на СВР Битола.
