Новости

Битола инфо

Животната желба да ја посети Битола и куќата на дедо и ќе и се исполни – американската пејачка Сара Ароесте утре во Битола

Познатата американска ладино пејачка Саа Ароесте утре доаѓа во Битола, каде ќе одржи концерт  во малата сала на Центарот за култура со почеток од 20 часот. На денешната прес-конференција организаторите го најавија гостувањето на пејачката која има еврејски корени од Битола. Нејзина најголема желба била да ја посети Битола, градот од каде потенувал нејзиниот дедо.
„Живoтна желба и е да ја посети Битола и да одржи концерт. Утре кога ќе дојде, ќе разговараме со неа, ние како Центар за култира за целовечерен концерт во големата сала на Центарот,“ изјави Зоран Димовски, директор на Центар за култура Битола.
Иницијатор и организатор на нејзината посета на битолчанецот д-р Владо Стојанов, кој подолго време контактирал со неа. Тој вели дека Сара многу добро ја знае Битола, бидејќи дедо и многу пластично и опишувал како е да се живее во овој град. Таа е позната поп, рок, џез и ладино музичарка, гостувала насекаде низ светот.
„Тој во неа вродил длабока љубов кон Битола и битолчани. Нивната семејна куќа е над „Равена“ (н.з. зградата на Синдикатот на Широк Сокак). Толку работи има слушано од мајка и која и кажувала: Ти не знаеш како е кога во пролет ќе расцветаат јаболкниците мирисот нивни измешан со воздухот од Пелистер. Сара ја шири сефардската музика, тоа е нејзината мисија. Ќе испее на концертот повеќе песни, но ќе зборува и за своето семејство, за нивните спомени, ќе носи видео материјали од свадбеното патување на нејзините родители. Тоа семејство било многу богато. Тие во Солун уште тогаш ја изградиле сега единствената активна синагога таму. Има снимки и од дедо и каде зборва за Битола и битолчани. Зборувавме со музејот и со неа, таа ќе ги отстапи овие снимки кои ќе ги чуваме како културно и историско богатство во музејот“, вели Владо Стојанов.
Ова нејзино гостувањ е поддржано и од АРХАМ како здружение кое интензивно работи на проектот за реставрација на Еврејските гробишта и изградба на Меморијален комплекс, како и Фестивалот Локум фест кој ја негува културата и традицијата.
„Во Битола постоеше голема еврејска заедница која исчезна со Холокаустот. Но тие оставија силен културен белег, особено ладино музиката која лесно можеме да ја препознаеме во Македонија, но и на Балканот,“ рече Тоше Ивановски, претставник на АРХАМ и организатор на Локум фест.
 Семејното стебло на Сара е огромно, а во Битола има дури и улица на првоборецот Арон Ароести кој е дел од семејството Ароесте.
GOLD
To Top