Новости

Битола инфо

Живот во ранец: Затворањето на Балканската рута го зголеми бројот на криумчарени мигранти

Во рамки на активностите на Центарот за податоци и информации за Европска Унија (EUi) при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Правниот факултет, УКЛО и Институтот за истражување и европски студии – Битола по повод одбележувањето на Денот на Европа денеска се организираше трибина на тема: „Живот во ранец: Миграционите политики, Балканската рута и развојните перспективи на Европската Унија”. На предавањето своите ставови по однос на оваа тема ги истакнаа проф.д-р Горан Илиќ, доц. д-р Ангелина Станојоска и доц. д-р Елена Тиловска – Кечеџи.

-Ова е една од најпровокативните теми во ЕУ бидејќи ги третира миграциите и исто така ќе го отвориме прашањето за Балканската рута. Ќе го презентирам моделот за авангардна Европа. Како еден од најверојатните логични модели за понатамошен развој на Унијата во  иднина. Моето експозе подразбира некои препораки и сугестии што подразбира нормативно редефинирање на ЕУ, промена на Лисабонскиот договор и донесување нов договор кој драстично би ја променил структурата и начинот на функционирање на ЕУ се со цел остварување на идејата за обединета Европа, но обединета Европа во најфункционална смисла, изјаво проф.д-р Горан Илиќ, Правен факултет Битола.

Се разговараше и за присутноста на криумчарењето мигранти.

-Ќе се осврнам на судбините на мигрантите кои можевме да ги видиме, кои минуваа низ нашата земја барајќи подобра иднина во ЕУ. По податоците на Европол како една од агенциите поврзани со ЕУ е дека во периодот од пред слободното отворање на балканската рута, пред Германија и неколку земји од ЕУ да отворат слободен пат за мигрантите во тие земји, бројот на криумчарења одеше во пораст, но не толку. Но после затворањето на рутата, секој од мигрантите можеше да контактира лице кое за одредена сума би му помогнало да стигне до некоја од земјите во ЕУ. Кај нас имаше случај на индивидуално пренесување, кога физички лица пренесуваа мигранти до границата со Србија. Но во европски рамки криминалните мрежи  се тие кои што работат, работат од типот на фриленсери, тоа се слободни мрежи кои функционираат на таков начин, изјави доц. д-р Ангелина Станојоска, Правен факултет Битола.

Денеска беа доделени и наградите за најдобар есеј.

-Во рамките на одбележување на Денот на Европа, беше распишан конкурс за најдобар студентски есеј, комисијата имаше доста тешка задача при оценувањето и избор на најдобар студентси есеј, наградата ќе ја доделиме денес. Победникот е Јулијана Јурдовска, студент на втор циклус студии на Правниот факултет. Прво наградениот ќе добие награда финансирана од Делагицијата на ЕУ, брошури и промотивен материја, а и на останатите ќе им бидат доделени пригодни награди, изјави Доц. Д-р Мирјана Ристивска, контакт лице на Центарот за податоци и информации за Европска Унија (EUi).

Настанот беше финансиски и логистички поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Македонија и ЕУ Инфо центарот.

Евротип
Евротип
To Top