Новости

Битола инфо

„ЗАНШИН-ДО“- Битола со уште еден успех од турнирот „Струга Опен“

На 06.10.2018 год ( сабота) во Струга се одржа по 15 пат меѓународениот турнир „СТРУГА ОПЕН“ на кој учествуваа над  500 натпреварувачи од : Македонија, Србиjа,Косово,  Албанија,  Црна Гора и Бугарија .

На овој турнир К.К „ЗАНШИН-ДО“-БИТОЛА  настапи со 24 натпреварувачи во 33 категории, а  се закити со : 2 пехара , 3 злата, 2 сребра и 12 бронзи.

На овој турнир настапи и Стефановски Иван во кати индивидуално кој  покажа голема зрелост и сериозност во својот настап со што можеше јасно да се види дека Иван каратето го има прифатено како начин на живот Златниот медал му беше врачен со голем излив на емоции.

Во дисциплината ката тим женски 2011 год. сестрите Ана, Марија и Атанасија  Момоковски повторно беа на врвот и освоија златен медал. На врвот повторно се најде и Диневски Михаил кој во ката индивидуално машки 2010 год. го освои златниот медал. Со сребрен медал се закитија во дисциплина ката тим  Леона  Алиловска,  Ана Димовска Чонтева и Елена Јончевска женски  2009/10 год. и Бисера Пројкоска во ката индивидуално женски 2006 год. Со бронзен медал се закитија: Евгенија Наумовска, Леона  Алиловска и Емилија Илковска во ката тим 2009/10 год женски.  Евгенија Наумовска,  Ана Димовска Чонтева и Елена Јончевска  2009/10 год. во ката тим 2009/10 год женски, Диневски Михаил, Ана Димовска Чонтева и Михаил Стефановски во ката тим 2009/10 год машки,  Костојчиновска Ана,  Михаил Стефановски и Лука Груевски во ката тим 2007/08 год. машки, Тони Кулевски, Николина Петковска и Давид Стојчевски во ката тим 2007/08 год.машки, Надалина Талевска,  Николина Петковска и Давид Стојчевски во ката тим женски 2007/08 год. Ана  Костојчиновска, Евгенија Митревски и Лука Груевски во ката тим 2007/08 год. женски. Во ката индивидуално со бронзен медал се закитија : Јасна Дунгов 2011год.  Марија Момоковска 2011 год., Надалина Талевска 2010 год.  Антониа Дамчевска 2009 год. и Јончевска Елена 2009 год.

Ова е голем успех за нас и за Битола , горда сум како тренер бидејќи натпреварувачите од К.К. „ ЗАНШИН-ДО“- БИТОЛА на секој настап се подобри и подобри. Продолжуваме со тренинзи и подготовки за нови предизвици кои не очекуваат, вели тренерот  Стевка Јанковска Петковска.

Евротип
SNBROKER
To Top