Новости

Битола инфо

ЗЕМИ ЗДИВ: Измерено високо ниво на загаденост на воздухот утрово во Битола

Битола утрово се разбуди со високо ниво на аерозагаденост која најпрво беше евидентирана во областа Баир и Новачки пат во 06:00 часот, за потоа да се движи нагоре накај областа Бадембалари, а моментално има високи концентрации на штетни честички и во населбата Декорпод, објавија денеска од Платформата ЗЕМИ ЗДИВ.

„На утринскиве фотографии можете и со голо око да ја забележите високата аерозагаденост која нажалост не може да биде евидентирана од државните мерни станици бидејќи не работат и не прикажуваат вредности на веб порталот на Министерство за животна средина и просторно планирање.

Се препорачува на жителите на Битола да не се изложуваат подолг временски период на отворен простор“, пишуваат на нивната фејсбук страница.

GOLD
To Top