Новости

Битола инфо

Златно Перо и СН Осигурителен Брокер верни пријатели на децата

Здружението „Златно перо“ – Битола започна акција под слоганот ,,ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ БИДИ ПОВЕЌЕ‘‘ потпомогната од СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР, акцијата ќе опфати повеќе градинки, едукативни центри и игротеки во општина Битола и другите  општини во Преспанско-пелагонискиот регион беше промовиран прирачникот ,„АЈДЕ ДА УЧИМЕ ЛЕСНО А-АЗБУКА“ и на децата од големата група во градинката ,,Пролет‘‘ им беа подарени книги  се со цел децата од најмала возраст да ги засакаат, применат убавите навики да читаат и ги запознавме со детското штедење.

Сите деца негуваат интерес за книгите уште од најрана возраст. Сакаат да ги прелистуваат, разгледуваат, а подоцна да ги читаат и прераскажуваат. За да се развие љубовта кон пишаниот збор и навиката кон читањето, родителите треба да делуваат стимулативно и да ја користат нивната неисцрпна креативност. Велат дека книгата е подарок кој можеме да го отвораме одново и одново.

Малото книжевно детско богатство „Ајде да учиме А- азбука” е еден таков подарок кој децата ги подготвува за светот во кој што се сонува со отворени очи – светот на книгата. Децата кои што ја стекнуваат навиката кон читањето стекнуваат и поголема самодоверба, подобра комуникација и јазична експресивност и креативност. Во свет кој што е преполн со технологија децата немаат можност да ги развиваат своите потенцијали во целост во нивниот психоемотивен раст и развој. Преку ова четиво децата имаат единствена можност да растат со забавните зборови, а воедно и да ја учат азбуката на нивниот мајчин јазик. Ова е моја топла препорака до сите родители, големи и мали деца кои што пораснале или пак одбиваат да пораснат – Читај повеќе, биди повеќе.

Благодарност до ,,СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР” што овозможи оваа книга да излезе во печат.

Автор:Олга Наумовска

Рецензент:

Бојана Стојменовиќ и Каролина Поповска

GOLD
To Top