Новости

Битола инфо

Завршна фаза од девијацијата на цевководот на пругата Битола-Меџитлија

Во неколку фази, ЈКП „Водовод“ изминатите две недели работеше на регионалниот цевковод Ф135. На одредени делови, трасата на постоечкиот цевковод се поклопуваше со трасата на железничката пруга на потегот Битола-Меџитлија, така што на терен мораше да се интервенира со поместување, односно девијација.

Овој зафат беше потребен затоа што при евентуален дефект во иднина, доколку цевководот останеше под железничката пруга, не би можело да се интервенира. Поместувањето од 200 метри на цевководот, донесе и краток прекин на водоснабдувањето во девет битолски села на овој потег, кое за кусо време беше регулирано.

Од ЈКП „Водовод“ истакнаа дека девијацијата на цевководот е во завршна фаза и што се однесува до работата на ова јавно претпријатие, тие во целост ги исполнуваат зададените обврски на правецот на новата железничка пруга кон соседна Грција.

GOLD
To Top