Новости

Битола инфо

Заедно во борбата со карциномот – велигденски базар на здружението „Јасмин“ од Битола

Во организација на Здружението на граѓани за советување и поддршка на лица со карцином и лица кои се излечиле „Јасмин“ од Битола денеска на плоштадот Магнолија се одржа Велигденски базар на кој учествуваа повеќе компании, здруженија, поединци.

Средствата кои денеска се собраа од базарот ќе бидат наменети за лицата со карцином на кои им се потребни финансиски средства, велат од Здружението.

Од „Јасмин“ велат дека во Битола, според статистиките, има 2400 заболени од малигни заболувања, а болните секојдневно се соочуваат со проблеми. Околу 1500 битолчани болни од рак секојдневно патуваат до Скопје за да примат петминутна терапија, се соочуваат со недостиг на психолог кој велат дека игра голема улога во пронаоѓањето на душевниот мир во борбата со болеста. Здружението се соочува и со недостиг на канцеларија каде би одржувале состаноци, па затоа апелираат до сите оние кои се можност да им подадат рака.

 

 

GOLD
To Top