Новости

Битола инфо

Започнува четвртиот Меѓународен младински камп „Патоказ кон помирувањето“ 2019

Битола или Монастир како што ја паметат старите, сеуште претставува духовен епицентар за многу култури и народи. Доказ за тој интерес е и четвртиот камп на млади Германци, Израелци и Македонци кои од 4 до 18 Август ќе бидат дел од Меѓународниот младински камп„ „Roadmap to Reconciliation – Патоказ кон помирување 2019“

Околу педесетина млади германци, израелци и македонци преку заедничко дружење, работилници, спортски активности, тренинзи за прва помош и спасување, посета на знаменитости во земјата и културни активности да учат за процесот на помирување, како историско, така и духовно. Тие сакаат да се слушаат едни со други, да си поставуваат прашања-специфични за возраста и да се забавуваат заедно. Помирувањето може да се случи, кога луѓето ќе ги раскажат своите приказни за надеж, соништа и предизвици, но и за нивните стравови, разочарувања и тага…Така стануваат поблиски, ги рушат бариерите и предрасудите и градат свој автентичен поглед едни за други…

Ова е четвртиот заеднички камп на младите од Германија, Израел и Македонија. Минатото лето ментори и млади лидери од Црвениот крст – Битола, наставници и ученици од Гимназијата училиште „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“-Битола и „ЈАНЕ САНДАНСКИ“, -Битола како и од PAULUSGEMEINDE STAUFENBERG, Германија, заедно со YOUTH CENTER of TSUR YIGAL – Израел се согласија за „Патоказ за помирување“. Првиот чекор беше направен во март, кога овие три групи дојдоа во Битола за „Маршот на живите“ , да ги запомнат депортираните и убиените Евреи од Битола. Во јуни 14 млади од Битола и 14 од Германија беа гости во семејствата на израелските младинци. Сега летниот камп ќе ги има сите заедно овде повторно во Македонија.

Помирувањето никогаш не се случува, ако не постои вистинска одлука на поединците да се справат со темните времиња во историјата… Така, младите Израелци , Германци и Македонци, кои се собираат да го следат „Патоказот за помирување“, се сеќаваат на минатото и сега обликуваат иднина на надеж и меѓусебно разбирање.

GOLD
To Top