Новости

Битола инфо

За судската полиција да не важи ограничувањето за исплата на додатоци на плата, бара синдикатот

Денеска со реакција претседателот на Независниот синдикат на судска полиција, Владимир Литовски.

„Би сакале да ве известиме дека во услови на вонредна состојба поради кризата настаната со коронавирусот, судската полиција продолжува да извршува 24 часовно обезбедување на судовите и вработените во тие објекти, притоа изложувајќи се на ризик од зараза, како за себе, така и за своите најблиски.
Имено, судските полицајци се цело време изложени на ризик за зараза од коронавирусот, затоа што нивните должности во конкретната ситуација се насочени кон сведување влезот во судовите на минимум , а со цел да спречат ширење на пандемијата во судовите и да ги заштитат останатите вработени и странките. Со ваквиот начин на работа и поради совесното извршување на своите работни задачи од страна на судската полиција, ризикот за ширење на коронавирусот во судските објекти и помеѓу вработените во судовите е сведен на минимум, а притоа целиот ризик е префрлен на судските полицајци.
На 37та седница на Владата, одржана на 07.04.2020 година, донесена е уредба со законска сила со која е ограничена исплатата на додатоци и надоместоци на плата на вработените во органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, институциите кои вршат дејности од областа на образованието, културата, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот и во институциите кои вршат работи од јавен интерес утврден со закон, а се организирани како агенции, фондови, регулаторни тела со јавни овластувања утврдени со закон, јавни установи и јавните претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од Градот Скопје и од општините во Градот Скопје и акционерските друштва во целосна сопственост на државата, за време на траење на вонредната состојба. Тоа значи дека ваквото ограничување за исплата на додатоци и надоместоци важи и за судската полиција. Од друга страна, ваквото ограничување е исклучено по однос на медицинскиот и помошно-технички персонал во јавните здравствени установи, припадниците на Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Северна Македонија.
Со ваквото постапување, би сакале да нагласиме дека се врши неправда врз судските полицајци, кои во овие кризни моменти се во првите редови на заштитата од ширење на коронавирусот, исто како припадниците на Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Северна Македониј.
За ваквите околности благовремено, на 23.03.2020 година беше запозната и Владата на РСМ, со барање истите да бидат земени во предвид и да биде донесена одлука за еднаков третман на судските полицајци со припадниците на Министерството за Внатрешни работи. И покрај тоа, сето погоре наведено не беше земено во предвид од страна на Владата на РСМ и при донесување на претходно наведената уредба, судската полиција неоправдано беше опфатена со ограничувањето на исплата на додатоци и надоместоци.
Од овие причини, бараме Владата да изврши измена во предметната уредбата на начин што ограничувањето на можноста за исплата на додатоци и надоместоци да не се однесува и на судската полиција.
Исто така, сакаме да ве поканиме подетално да истражите во каква катастрофална состојба се наоѓа судската полиција во државата, за што во секое време ви стоиме на располагање за обезбедување на информации кои би ви биле од интерес“.

GOLD
To Top