Новости

Битола инфо

Здружението „Златно перо“ донираше јоргани и перници во Психијатриската болница во Демир Хисар

Здружението ,,Златно Перо‘‘ од Битола започна со голем хуманитарен проект кој започна со посета на Психијатриската болница во Демир Хисар, а ќе трае еден месец до 06.01.2019 година.

Хуманитарниот караван ќе опфати низа активности и сите средства што ќе бидат собрани ќе бидат донирани таму каде што е најпотребно.

„Беа донирани 70 јоргани и 70 перници и беа договорени да се направат работилници за личен раст и развој со штитениците, работилници за ресоцијализација помеѓу здружението и менаџментот на болницата предводен од директорката на болницата, Татјана Лозановска. При тоа ги покануваме сите здруженија на граѓани,јавните претпријатија, бизнис заедницата, политичките партии, верските заедници и сите индивидуалци кои мислат дека можат да дадат свој придонес на било кој начин да се вклучат во нашиот караван“, велат од Здружението и порачуваат:

ЗАТОА ШТО ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ!!!
СО МАЛИ ЧЕКОРИ ОДИМЕ КОН ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ !!!
„Јунаштво е да се спасиш самиот себе од другите,а човекољубие е да ги спасиш другите од себе .‘‘

GOLD
SN Finansii
To Top