Новости

Битола инфо

Здружението Млади хуманисти одбележа две години постоење

Вчера во Завод и Музеј Битола Здружението Млади Хуманисти, поддржано од фондацијата Такец од Битола, одбележа две годишно постоење со пригоден настан. При тоа беше најавен голем хуманитарен патувачки караван по мотото:НАПРАВИ ЧЕКОР, БИДИ ХУМАН. Целта на акцијата е поттикнување на добрите човекови навики за да не заборавиме дека некому е потребна нашата помош…. На настанот се истакна дека првите обезбедени средства ќе бидат донирани на лицата со оштетен вид.

Исто така се презентираше се што Млади Хуманисти Битола реализираше.

„Јас како претседател на истото можам да кажам дека се одработени 50 настани со што можам да му парирам на останатите здруженија. Благодарност до Општина Битола, НУ Завод и Музеј Битола, и останати компании без кој овој настан не можеше да помине а сликите говорат каков беше амбиентот“, истакна Бојан Тодоровски, претседател на Млади хуманисти.

 

GOLD
To Top