Новости

Битола инфо

Земјотресот кај Кожани почувствуван и во Битола

Во 14:20 часот по македонско време е регистриран земјотрес на 169 км јужно од Скопје, во соседна Грција.

Според интернет порталот emsc-csem.org епицентарот на земјотрeсот е на 29 км северно од Кожани во Грција.

Земјотресот бил со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата сакала. Земјотресот е почувствуван и во Битола, објави ТВ Тера.

GOLD
To Top