Новости

Битола инфо

Златна плакета на Макинова 2019 за Евгенија Дивитарова

На 8, 9 и 10 ноември во Музејот на град Скопје се одржа традиционалната и најголема меѓународна изложба МАКИНОВА 2019 , оваа година јубилејна 40-та по ред. Овој настан е во организација на Сојузот на пронаоѓачите и автори на технички унапредувања на Македонија – СПАТУМ и Народна техника на Македонија по повод Светскиот ден на науката.

На изложбата учествуваа над 30 учесници кои ги презентираа своите иновативни решенија и достигнувања. Во мошне силната конкуренција, ученичката од Техничкото училиште од Битола, Евгенија Дивитарова, под менторство на проф. Билјанка Христовска, освои златната плакета. Наградата е за нејзината иновација, новата CNC машина која гравира и дупчи со бормашина. Евгенија и минатата година имаше златен медал на Макинова и е една од оние млади луѓе кои постојано се инвентивни и истражуваат. Со својот труд таа го воодушеви и нашиот претседател, Стево Пендаровски.

На изложбата беа изложени пронајдоци, иновации, нови технологии и производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско-истражувачко и креативно творештво.

GOLD
To Top