Новости

Битола инфо

Избрано најдоброто решение за редизајнирање на кружен тек кај месноста „Дулие“ на тема: Круг на јарболите

Трудот со шифра „SHARP“ на авторите Дејан Томски и Мила Ролиќ е избраниот труд од петте конкурсни трудови, кои пристигнаа на распишаниот конкурс за избор на решение за редизајнирање на кружен тек кај месноста „Дулие“ во Битола, на тема – Круг на јарболите.

Идејата на авторот – инвентивноста на овој труд, соодветствува на целокупниот амбиент со силен уметнички израз, заклучи жири комисијата. Пораката што ја пренесува решението е целосна, издржана и силна – ракување, решението е транспарентно, лесно и економично за изведба со можност за етапна градба. Жири комисијата заклучи дека сите пет трудови ги задоволија условите пропишани во конкурсот.

Градоначалникот на Општина Битола, како распишувач на конкурсот ќе организира изложба на конкурсните трудови во просториите на Општина Битола, на која ќе биде доделена награда од 60 000,00 денари за првонаградениот труд и по 6 000,00 денари за секој труд кој ги задоволи критериумите на конкурсот.

За времето на отворање на изложбата, јавноста дополнително ќе биде информирана.

Повеќе информации за конкурсот, условите и одлуката можете да прочитате на следниот линк http://www.bitola.gov.mk/28602-2/.

GOLD
To Top