Новости

Битола инфо

Известување од СВР Битола за изменет режим на сообраќај на 15 септември

Секторот за внатрешни работи Битола ги информира граѓаните дека на ден 15 септември во временскиот период од 07,00 до 12,00 часот, во организација на Здружението на лица кои имаат желба за трчање „Трчај Бе“ од Битола ќе ја одржат првата градска трка на 5 и 10 км низ градската улична мрежа во Битола .
За таа цел ги известуваме граѓаните дека во тој период ќе има изменет режим на сообраќај при што целосно ќе биде затворена подолу наведената маршута по улици, со старт и цел на трката на Полоштадот Магнолија.

– Старт на трката: плоштад „Магнолија“ во 09,00 часот,
– се продолжува по улица „Широк Сокак„ во правец кон Безистен,
– се врти лево по улица „Бул. 1-ви Мај“ (од страна на Булевард и Музичко училиште),
– на кружен тек „Црн мост“ се врти полукружно и се продолжува по улица „Бул. 1-ви Мај“ до Безистенот (од страна на Гимназијата и Општината),
– кај Безистенот се врти десно преку мостот на река Драгор по што се врти лево и се продолжува кратко по улица „Бул. 1-ви Мај“ по што се врти десно по улица „Добривоје Радосавлевиќ“,
– се продолжува по улица „Добривоје Радосавлевиќ“, „Никола Тесла“, „Михајло Бојаџиев“ и дел од улица „Македонска Фаланга“ до кафе Аеро каде се врти лево по улица „Широк Сокак“,
– се продолжува по улица „Широк Сокак“ и се преминува улица „Партизанска“ кај мв Ракометно,
– се продолжува по улица „Шеталиште“ во делот до фудбалските игралишта каде учесниците вртат полукружно и
– се продолжува по улица „Шеталиште“ и „Широк Сокак“ до плоштад Магнолија,

GOLD
To Top