Новости

Битола инфо

Изгоре трафостаница во населбата Баир, дел од улиците „Караорман“ и „Дебарска“ без струја

На 18.01.2020 околу 13.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Караорман“ настанал пожар во трафостаница на ЕВН Македонија, при што целосно била опожарена внатрешната инсталација. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Битола. На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Битола.

Од ЕВН информираат дека причината за опожарувањето е преоптоварување заради кражба на струја.

Дел од улиците „Караорман“ и „Дебарска“ повеќе од 24 часа немаат струја, а заради тежината на дефектот може да останат и подолго без електрична енергија.

GOLD
To Top