Новости

Битола инфо

Изложба на книги на доајенот на битолското новинарство, Димче Миновски во Гимназијата „Јосип Броз Тито“

17 книги создавани од познатиот новинар и публицист Димче Миновски, напишани во изминатите 30 години се дел од изложбата која од денес е поставена во битолската гимназија „Јосип Броз Тито“. Учениците имаа можност од прва рака да слушнат за делата на Миновски.

-Околу 5 книги се од спортот, 5-6 книги се приказни, за се што се случувало во Отоманското владеење. Тоа се дела кои наликуваат, на делата на Жил Верн, особено сум почестен што моите дела се тука, затоа што сметам дека најмногу тука ќе се читаат. Целокупното мое творештво е посветено на младите, тие сакаат да читаат за Битола во средниот век, дела кои се однесуваат на поново време, па Балканските војни, завршувајќи со спортот, од турското владеење до денешни денови, што се случувало, изјави Димче Миновски, автор на книгите.

Изложбата е поставена по повод празникот „Свети Климент Охридски“, а многу слични изложби биле поставени во гимназиската библиотека се со цел да го привлечат вниманието на младите.

-Во оваа училишна библиотека редовно организираме изложби на книги по разни поводи, особена чест ми е што тоа го правам за доајенот на битолското новинарство, Димче Миновски. Неговото творештво заслужува да добие поголемо значење, поголема јавност и тоа на овој начин го правиме со ова аизложба меѓу гимназијалците кои редовно ја посетуваат оваа библиотека и им е драго катче за престој, читање, нивно образование, изјави м-р Драган Ристевски, библиотекар.

На крај, Миновски им порача на учениците од Гимназијата.

-На гимназијалците ќе им порачам да одат по трагите на она што поминало. Гимназијата е една од најпрочуените образовни институции во нашата земја. Од овие клупи излегоа народни херои, првоборци, академски граѓани, бројни стрчњаци, лекари, професори, инженери, убаво е да тргнат по тие патеки, и тие еден ден да ги видиме како успешни личности, рече Миновски.

Првата книга Миновски ја напишал во 1969 година, додека последната е издадена неодамна, а се работи за вториот дел од книгата „Ракометот во Битола“.

 

GOLD
To Top