Новости

Битола инфо

Интензивно чистење на каналите во битолскиот дел од Пелагонија

Подружницата „Битолско поле“, која го стопанисува, користи и одржува системот за одводнување Пелагонија – Битолски дел и која работи во состав на АД Водостопанство на РМ, активно деновиве ги чисти каналите околу Индустриската зона „Жабени“, до новата железничка пруга кон соседна Грција. На оваа локација, каналите не биле чистени повеќе од 10 години.
Според раководителите на оваа подружница, во изминатава 2018 година од страна на Подружница Битолско поле-Битола на територијата на Општина Битола се исчистени 23 одводни канали со вкупна должина од 25850 метри.
Гледано според активностите реализирани по месеци, во јануари и февруари се работело на Логовардскиот одводен канал, санација на насип на реката Шемница, одводните канали во селото Кукуречани, а во март и април на одводниот канал во Г. Оризари, заедно со интервентното чистење во селото Карамани. Во месец мај биле чистени одводниот канал во Студентскиот дом, на Стрежевски пат и во селата Крклино и Кукуречани. Во текот на летните месеци се чистеле одводните канали на патот за Р.Грција во потегот меѓу селата Бистрица и Оптичари, на Новачки пат, с. Црнобуки, во индустриската зона, Горно Оризари, с. Драгожани и одводниот канал во близина на фабриката „Сокотаб“. Во септември и октомври, екипи на „Битолско поле“ ги чистеле одводните канали во с. Логоварди, во с. Секирани и во населбата Боримечка. Во текот на месец ноември, се чистеле одводните канали во околината на с. Бистрица

GOLD
SN Finansii
To Top