Новости

Битола инфо

Како да се олесни работата на научноистражувачкиот кадар во Македонија?

Националните координатори: Националната и Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Скопје, Македонски е-електронски библиотеки – МЕБ и локалните координатори: Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола и Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола денеска организираа предавање на тема „Finding and retrieving academic information with EBSCO“, предавач беше Тамила Миркамалова вработена во EBSCO. 

Предавањето беше поделено на два дела и тоа информации за самата база, преглед на претплатени бази на податоци и вториот дел на работилницата беше со он лине примери од пребарувањето. Сите заинтересирани читатели ќе можат да имаат пристап до базите, преку информатори вработени во Битолската библиотека.

Инаку Република Македонија обезбеди пристап до 14 бази на податоци на EBSCO кои вкупно опфаќаат околу 50,000 списанија – од кои над 18,000 се е-списанија во целосен пристап (full text), голем дел се високонаучни цитирани списанија со фактор на влијание (импакт фактор), 300.000 е-книги, 100,000 биографии, над 140,000 документи, над 270,000 фотографии, мапи, знамиња и други документи.

Најголемата база на EBSCO, Academic Search Premier, содржи 8600 списанија во цел текст од кои 7500 се научни (peer reviewed), од кои над 1500 списанија ги поседува најзначајната светска база Citation Index и тоа над 800 наслови списанија од Science Citation Index ги содржи EBSCO, додека повеќе од 700 списанија во цел текст кои ги има базата Social Science Citation Index ги содржи EBSCO.

Пристапот до овие бази ќе овозможи подобрување на условите за работа на научноистражувачкиот кадар во Република Македонија како и приближување на резултатите од научноистражувачката дејност до светските научни достигнувања. Професорите и студентите на високо образовните и јавните научни установи ќе имаат on line пристап до високо цитирани научни списанија, со што ќе се постигне унапредување на квалитетот на високото образование, како и континуирано следење на најновите резултати од научно истражувачката дејност во светот.

GOLD
To Top