Новости

Битола инфо

Како до безбеден такси и јавен превоз

Акциите на Кампањата под слоганот „ГО САКАМ ГРАДОТ БЕЗБЕДЕН“, продолжија и денес.

Стимулативните мерки и субвенциите се покажале како корисна алатка во процесот на подобрување на состојбите, па затоа Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата сака во оваа прилика да се заблагодари на СН Осигурителен Брокер АД Битола, затоа што не сослушаа и во соработка со Осигурителната компанија „ЕВРОИНС“ Скопје ја поддржаа и ја помогнаа Кампањата и доделија ВАУЧЕРИ со попуст за каско осигурување за оние TAXI возила и возила на Јавниот автобуски превоз кои ги исполнуваат потребните услови согласно планираниот КОДЕКС – изјави д-р Јасмина Буневска Талевска, Претседателка на ОСБСПБитола.

Имено, евидентно е дека во Битола, ТАКСИ превозот на патници НЕ Е унифициран, вели таа.

А треба да биде, и тоа и според изгледот – бојата на возилата, и според униформата – бојата на облеката на возачите на такси возилата, а пред се според квалитетот на услугата (технички исправни и чисти возила).

Овие услови се одредени со акт на Советот на општината, но, во добар процент не се почитуваат. Постапивме и обратно и ги слушнавме и проблемите и барањата и на ТАКСИ превозниците и во следните акции ќе постапиме и според нивните барања, НО ИМ УКАЖАВМЕ И НА НИВНИТЕ ОБВРСКИ!

Претседателката на ОСБСПБитола, упати благодарност и до ЈП Комуналец Битола, што ја поддржа Кампањата во целост и помогна да се исчистат дел од автобуските стојалишта во градот од сите рекламни и останати материјали со пораката „ЈАС НЕ СУМ ОГЛАСНА ТАБЛА“!

За во вечерните часови Петок наспроти Сабота, подготвивме ЕДУКАТИВНА АЛКО-ПАТРОЛАТА низ Битолските кафулиња, за да добиеме одредени показатели за % на млади возачи кои конзумираат алкохол и управуваат моторно возило, а со тоа ја загрозуваат и својата и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

GOLD
To Top