Новости

Битола инфо

Капитални инвестиции за руралните средини во битолскиот регион

Во кабинетот на градоначалничката на Општина Битола, во присуство на премиерот Зоран Заев, директорот на Агенцијата за финансиска подршка на руралниот развој Никола Бабовски и градоначалничката Наташа Петровска потпишаа решение за реализација на капитални инвестиции преку Програмата за рурален развој.

„Преку реализација на овие проекти за кои денес доделивме решенија значитечно ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните и од овој регион и од цела Северна Македонија. Ќе се реконструираат патишта, ќе се прават пристапни патишта до земјоделското земјиште, ќе се уредуваат излетнички места, а ќе се направи и адаптација на пазарот во Битола. Во Општина Битола ќе се инвестираат вкупно 32 176 406 денари“, рече премиерот Зоран Заев.

Во Пелагонискиот регион ќе се реализират капитални инвестиции за реконструција и доградба на други локални патишта, како и означување на културни и природни знаменитости.

„Навистина ми е задоволство што токму пред најголемиот за нас празник Илинден во нашата општина дојде премиерот на Владата, заедно со директор на Агенџијата за финансиска поддршка на земјоделието и министерот за земјоделие, за убав настан, промовирање на мерката „Зелена нафта“, но и за тоа што значи финансиска поддршка на Општина Битола. Проектите се однесуваат на патот од Кажани до Маловиште, излетничкото место во Лопатица и инфраструктурен зафат на делот покрај управната зграда во пазарот. Ова се значајни проекти за граѓаните на Општина Битола. Ме радува континуираната поддршка на Владата, сме ја имале во минатото ,но и денес се потврдува дека продолжува и убедена сум дека и во иднина ќе опстоиме со таква сериозна поддршка“, рече градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска.

На средбата присуствуваа и градоначалниците на општините Новаци и Могила, кои исто така добија решенија за реализација на проектите преку оваа програма, а во поширокиот Пелагонсико-преспански регион ќе бидат инвестирани 101 797 260 денари.

GOLD
To Top