Новости

Битола инфо

Карате Клуб „ЗАНШИН-ДО“- Битола продолжува да реди успеси

Карате Клуб „ЗАНШИН-ДО“- Битола настапи на Балканскиот турнир „ФУНАКОШИ ГИЧИН“ кој минатиот викенд се одржа во спортската сала во ОУ „Круме Кепески “ во Скопје и на кој учествуваа околу 500 натпреварувачи од 55 клубови од Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Албанија , Босна и Херцеговина и Косово. „ЗАНШИН-ДО“- Битола настапи со 30 натпреварувачи во 47 категории и се закити со 2 пехара, 5 злата, 3 сребра и 22 бронзи . На генерален пласман во кати беше второ пласиран клуб, како и второ пласиран на севкупен пласман во сите дисциплини.

Со златен медал се закитија во дисциплината ката поединечно : Ана Момоковска 2011 год. Николина Петковска 2008 год. Костојчиновска Ана 2007 год. Бисера Пројковска 2006 год. и шанпионот на шанпионите Стефановски Иван. Со сребрен медал во дисциплина ката поединечно се закитија Марија Момоковска 2011 год. Давид Стојчевски 2008 год. и во ката тим женски Ана Димовска Чонтева, Мартин Наумовски и Евгенија Наумовска 2008/09 год. Со Бронзен медал се закитија во дисциплина ката поединечно : Јован Стојковски 2013 год., Јасна Дунгов 2011 год. Атанасија Момоковска 2011 год, Поповски Евгениј 2010 год. Александар Божиновски 2009 год. Антониа Дамчевска 2009 год. Димовска Чонтева Ана 2009 год. Тони Кулевски 2008 год. Евгенија Митревски 2008 год. Лука Груевски 2007 год. Илина Мојанчевска 2009 год. Стефанија Ацевска 2006 год. Маја Симоновска 2005 год. и Стефанија Петковска 2003 год. Во дисциплината ката тим со бронзен медал се закитија: Јасна Дунгов, Надалина Талевска и Мартина Михајловска во ката тим женски 2010/2011 год. Михаил Диневски, Надалина Талевска, и Евгениј Поповски во машки тим 2010/2011 год. Тони Кулевски, Николина Петковска и Давид Стојчевски во машки тим 2008/09 год. Алиловска Леона, Елена Јончевска и Ана Димовска Чонтева женски тим 2008/09 год. Евгенија Митревски, Елена Јончевска и Евгенија Наумовска женски тим 2008/09 год. Ацевска Стефанија, Пројкоска Бисера и Ана Костојчиновска женски тим 2006/07 год. Ана Костојчиновска, Лука Груевски и Евгенија Митревски женски тим 2006/07 год. и Стефнија Петковска, Костојчиновска Ана и Симоновска Маја женски тим кадети.

„Прекрасно започната натпреварувачка година , ова е голем успех за нас како клуб и за Битола да бидеш најдобар меѓу најдобрите е сон на секој натпреварувач и тренер. Тука не застануваме , продолжуваме со подготовки за престојни натпревари“ потенцира тренерот, Стевка Јанковска Петковска.

Евротип
Евротип
To Top