Новости

Битола инфо

Клиничката болница Битола со мерки за заштита од морбили

„По препораките на Министерството за здравство на Република Северна Македонија и прогласувањето на епидемија на подрачјето на цела држав заради заштита на населението, Клиничка Болница Битола ги спроведува следните мерки за заштита почнувајќи од 17.04.2019 година:

1.Забрана на посети во стационарот на Клиничка Болница Битола.

2.Сите лица кај кои ќе се јави осип по кожата на телото ,фебрилни состојби одма да се јават на инфективното одделение при Клиничка Болница Битола каде е организиран посебен влез за движење на такви пациенти .

3.Вработените се екипирани посебно инфективното одделение за да се справиме со морбилите, но досега во Битола немаме ни еден случај со морбили затоа да се придржуваме превентивно на препораките за да останеме во ваква состојбата“, информира портпаролот Сузана Конеска.

GOLD
To Top