Новости

Битола инфо

Компании од Грција, Кипар, Албанија и Бугарија заинтересирани за соработка со домашни компании

Компании од Бугарија, Кипар, Грција и Албанија, се заинтересирани за деловна соработка со македонски компании. Денеска на бизнис форум во Битола организиран од Гаус Институт-Битола во соработка со Регионалната стопанска комора – Битола, ги промовираа своите потенцијали и се очекува воспоставување директна соработка.Гаус Институт-Битола во соработка со Регионална стопанска комора-Битола, на меѓународен бизнис форум што денеска се одржа во овој град промовираа иновативен проект во функција на околу 1.200 компании од Кипар, Бугарија, Грција и од Албанија.

-Компании од Бугарија, Кипар, Грција и Албанија, се заинтересирани за деловна соработка со македонски компании, и затоа тие денес се претставија пред битолската деловна јавност. Фирмите гости се од различни области, ИТ индустрија, земјоделство и индустрија за храна, преработувачка индустрија, пакување, деловни услуги и инвестиции. Овој настан е одлична можност директно да се анализираат силните и слабите страни, можностите и заканите за деловна соработка во регионот, Балканот и Медитеранот, изјави Игор Неделковски, основач на Гаус Институт-Битола.

Според Николас Јордану, претставник на Регионалната стопанска комора во Лимасол-Кипар, проектот поддржан од ЕУ ќе овозможи дополнителна вредност на бизнисот кај државите учеснички во овој проект.

-Сакаме да ја продлабочиме соработката со битолските компании. Тука во Битола имаме застапници на индустријата за храна кои се подготвени за соработка и настап на заеднички пазари. Сакаме заеднички да работиме за да имаме европска поддршка, нагласи гостинот од Кипар, Јордану.

Водечки партнери во проектот се и претставници од Р.Бугарија.На 9 ти мај на Денот на Европа во Бугарија ќе се одржи втората средба.

GOLD
To Top