Новости

Битола инфо

Конкурс за редизајнирање на кружен тек кај месноста “Дулие” во Битола на тема – Круг на Јарболите

На 6 декември на Електронскиот систем за јавни набавки е објавен оглас за прибирање понуди за редизајнирање на кружниот дек на „Дулие“.

Огласот трае до 10 јануари, до кога треба да пристигнат плановите и проектите на заинтересираните економски оператори.

Според објавениот оглас се бараат архитектонски, инженериски услуги и услуги за планирање.

Проценетата вредност на тендерот е 84.745,76 денари,

Предмет на конкурсот е избор на Решение за редизајнирање на Кружен тек кај месноста „Дулие“ на тема „Круг на јарболите“.

За избраното решение жири комисијата ќе додели награда од 60.000 денари за прво наградениот труд и најмногу до 6000 денари за секој труд кој ќе ги задоволи критериумите на конкурсот.

„Битола има своја култура и урбана специфичност, а конзулатите претставуваат симбол на богата градска историја и традиција и синоним за Битола.

Во моментот во Општина Битола егзистираат вкупно 13 конзуларни претставништва на исто толку земји.

Во духот на продолжување на традицијата, на пораката која што Општината (градот) Битола сака да ја прати кон сите свои пријатели, а особено држави кои назначиле свои почесни конзули и отвориле конзулати во нашиот град, идејата е изработка на редизајн на постоечкиот кружен тек кај месноста “ Дулие“ во Битола на Тема –Круг на јарболите.

Идејата опфаќа редизајнирање на постоечкиот кружен тек со јарболи на кои ќе бидат поставени знамињата, како визуелен идентитет на земјите кои имаат свои конзуларни претставништа во Битола – во моментот 13 јарболи, со можност за поставување на дополнителен број на јарболи,“ стои во елаборатот за конкурсот.

GOLD
To Top