Новости

Битола инфо

Контролирани 426 возачи во вчерашната контрола на битолската полиција

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 24 април  извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас. Притоа,  контролирани се 426 возачи, од кои тројца возачи ја надминале дозволената брзина, шест возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле четири возила, а три возачи не користеле сигурносен појас.

GOLD
To Top