Новости

Битола инфо

Косовскиот амбасадор во работна посета на Општина Битола

Косовскиот амбасадор Ѓерѓ Дедај оствари работна средба со градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска. Од неговото доаѓање на амбасадорската позиција во земјава, ова е негова прва официјална посета на Битола.

Абасадорот Дедај го истакна стратешкото геополитичко значење на Битола во цел Балкан, како космополитски град, чиј дух на топлина може да се почувствува од секој посетител. Според него, време е Балканот да се ослободи од предрасудите, сеедно дали се тие од идеолошки, верски, политички, национален или било кој друг карактер и да се отпочне процесот на европеизација. Конфликтите мора да останат во минатото и потребно е да се наметнат демократски норми, истакна Дедај. Тој и се заблагодари на Градоначалничката Петровска за средбата и посочи дека е време да се зголеми економската соработка на двете земји.

Домаќинот на средбата, градоначалничката Петровска се заблагодари на желбата и интересот на амбасадорот да ја посети Битола и за искажаните убави зборови за градот под Пелистер. Таа уште еднаш го нагласи зачуваниот космополитски дух на Битола, во кој уште одамна, голем дел од жителите знаеле и зборувале по неколку јазици. Денес е повеќе од потребно, да има заедничка толеранција и освестување дека сите сепак имаме исти потреби за живеење, создавање на семејства и дом. Сепак, за да може Битола да го има приматот на светска туристичка атракција, мора инфраструктурно да се среди, потенцираше Петровска.

На крајот од средбата, косовскиот амбасадор истакна дека ќе биде интензивиран процесот на отворање на новиот почесен албански конзулат во земјава.

GOLD
To Top