Новости

Битола инфо

Котел на биомаса за спортската сала „Младост“ – дел од ИПА проектот БИОФОС

Денес, во рамките на проектот БИОФОС се одржа завршната конференција на тема „Потреба од топлинска енергија за греење и улогата на биомасата за греење на објектите во прекуграничниот регион“.

dsc06189

Во рамките на проектот беа набавени мини пелет линија во вредност од 24.750 евра инсталирани во ЈП Комуналец Битола, како и котел на биомаса за во спортската сала „ Младост“ Битола во вредност од 67.500 евра.

Проектот „ Заштита на животната средина преку промоција на биомасата како замена на фосилните горива греење и електрична енергија – Биофос започна во 2015 година и е финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка и има за цел заштита на животната средина и локалните ресурси, промовирање усогласеност на националните цели и целите на Европската Унија за заштеда на енергија, примена на обновливи извори на енергија. Како партнери во истиот се јавуваат Општина Битола, општинската компанија ДЕТЕПА од Аминтео и Технолошко образовниот институт од Кожани.dsc06207

На завршната конференција свое излагање имаа проф. д-р Зоре Ангелевски и проф. д-р Цвете Димитриеска од Технички Факултет Битола, како и директорот на ДЕТЕПА господинот Константинос Кириакопулос и д-р Димитрос Циамитрос од Технолошко образовниот институт од Кожани. Проектот беше реализиран од страна на менаџерскиот тим од Општина Битола Горан Неделков, Гордана Цветковска Бошевска и Слободан Бончаноски.

GOLD
To Top