Новости

Битола инфо

Кривична пријава за поранешниот директор на ЈП Нискоградба Битола

Секторот за внатрешни работи Битола – Одделение за криминалистичка полиција до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против лицата К.К (55), М.М. (59) , В.П. (58) и С.Х. (55) сите од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “Злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 ст.3 и 5 и “Несовесно работење во службата“ по чл.353 в од КЗ на РМ.

Првопријавениот во својство на службено лице-директор на ЈКП Нискоградба- Битола ги пречекорил своите службени овластувања на начин што во периодот од 2013 год. до 2017 год. во повеќе постапки за јавни набавки превзел дејствија спротивни на одредбите од Законот за јавни набавки, со што му нанел штета на ЈКП Нискоградба Битола. И тоа:
1. Во 2016 и 2017г. по завршување на постапки потпишал договори за јавни набавки на бензин и масло за греење-Екстра лесно , по предлог одлука од комисијата за јавни набавки (второпријавениот, третопријавениот и четвртопријавениот), без при тоа да да биде побаран доказ (лиценца) издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за извршување на дејноста пропишани во Законот за енергетика чл.37 и Законот за јавни набавки чл.148, со што му овозможил на правно лице од Битола да се стекне со имотна корист од 5.892.700 денари без ДДВ.

2. Со неизвршување на својата службена должност, првопријавениот, со тоа што во 2015 год. не назначил лице кое ќе биде задолжено за контрола и следење на реализацијата на договор со правно лице од Скопје за набавка на полиетиленски коругирани канализациони цевки и во 2017 год. со тоа што потпишал договор на вредност од 7.500.000 денари со истото правно лице , иако знаел дека постигнатата конечна вредност по одржаната е-аукција била 547.415 ден., му овозможил на правното лице од Скопје да се стекне со вкупна имотна корист од 7.091.710 денари без ДДВ.
3. Со неизвршување на својата службена должност, првопријавениот, со тоа што во 2016 год. не назначил лице кое ќе биде задолжено за контрола и следење на реализацијата на договор со правно лице од Скопје за набавка на канализациони цевки( ПВЦ и бетонски) во вредност од 2.000.000 ден. а и без да потпише анекс договор на основниот договор, му овозможил на правното лице од Скопје да се стекне со 189,591 ден. повеќе од потпишаната вкупна вредност од 2.000.000 ден.
4. Во периодот од 2013 до 2017 год. со неизвршување на својата службена должност односно не назначување на лице кое ќе биде задолжено за контрола и следење на реализацијата на договорите со правно лице од Битола потпишани врз основа на спроведени постапки, дозволил да се набавуваат стоки кои не се во состав на техничките спецификации на договорите со што му овозможил на правното лице од Битола да се стекне вкупно со имотна корист од 458.815 денари со ДДВ.
5. Во периодот од завршувањето на договор од 22.10.2014 год .кој бил склучен со правно лице од Скопје, со важност до 22.10.2015 год., за набавка на услуги- физичко и мониторинг обезбедување, до потпишувањето на новиот договор од 30.01.2018 год. за истите услуги, без да се потпише анекс на договорот и без да бидат завршени постапките за доделување на договор за јавна набавка, му овозможил на правното лице од Скопје да се стекне со имотна корист од 1.419.915 ден.

Второ,трето и четвртопријавениот несовесно постапиле при вршење на својата должност на начин што во отворените постапки при изборот на најповолен понудувач за набавка на гориво за возилата и масло за греење ЕЛ не го зеле во предвид фактот што правното лице од Битола не доставил и не поседувал лиценца за трговија со сурова нафта, нафтени деривати, био горива и горива за транспорт од Регулаторна комисија на РМ, согласно чл.37 од Законот за енергетика и чл.3 од Правилникот за условите, начинот, постапката за издавање менување и одземање на лиценци за вршење на енергетски дејности., со што му се овозможиле на правното лице од Битола да се стекне со имотна корист од 5.892.700 ден. без ДДВ.

Првопријавениот во својство на службено лице – директор на ЈКП Нискоградба од Битола со злоупотреба на службената положба и овластување, а второ,трето и четвртопријавениот со своето несовесно работење во службата ,во периодот од 2013 год. до 2017 година му нанеле штета на ЈКП Нискоградба од Битола во вкупен износ од 15.052.731 денари.

 

GOLD
SN Finansii
To Top