Новости

Битола инфо

Кривична пријава за 30 – годишен маж од битолско

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против С.С. (30) од село Новаци-битолско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “спречување службено лице во вршење службено дејствије“.

На 23.08.2018 година околу 16,00 часот во атарот на село Брод, на локација на која се снимал филм, настанало нарушување на јавниот ред и мир, при што интервенирал полициски службеник од ПО Новаци. При тоа, пријавениот упатил закани кон полицискиот службеник, по што со употреба на физичка сила се обидел да го спречи во преземањето на службени дејствија.

GOLD
To Top