Новости

Битола инфо

Кривични за две лица од битолско кои вршеле заверки со службен печат со измината важност

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.П.(51) и В.М.(67), двајцата од село Лавци, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посебни случаи на фалсификување пари, хартии од вредност или знаци од вредност“.

Во текот на 2017 и 2018 година, првопријавениот, во својство на претседател на месната заедница во село Лавци и второпријавениот, во својство на секретар на истата месна заедница, искористиле службен печат од општина Битола кој е со измината важност, при што извршиле заверка на обрасци-парагони, на име на лице од село Лавци со кои била вршена наплата на потрошена вода од селскиот водовод во истото село, а исто така, со употреба на печат со ограничена важност, извршиле заверка на парагон на име друго лице од село Лавци.

GOLD
To Top