Новости

Битола инфо

Кршеле чаши и шишиња во ноќен клуб во Битола

На ден 19 август во ноќен клуб во Битола додека М.Т(33)од Битола бил гостин заедно со неговиот брат, од страна на неколку лица без повод и причина почнале да им упатуваат закани по животот и телото, него и на неговото семејство и истите почнале насилно да се однесуваат со тргачење, кршење чаши и шишиња со што ја загрозиле нивната безбедност, безбедноста на келнерите, обезбедувањето и на гостите, информираат од СВР Битола.

Во тој момент меѓу гостите настанала паника и чувство на страв и несигурност, при што почнале да бегаат и да го напуштаат нокниот клуб.

Се превземаат мерки за расчистување на настанот.

GOLD
To Top