Новости

Битола инфо

Кубанците ја свиреа “Слушам кај шумат шумите” – публиката им се придружи

Заврши и јубилејното издание на Фестивал на музика од светот. Битолската публика имаше можност да ужива во фантастичните концерти на Синтезис, The Quartet, и Фламенко друштвото Екос-Куба.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура, Општина Битола.

За крај на оваа убава музичка приказна, селекторот на фестивалот Оливер Јосифовски од групата Љубојна одлучи оваа година својот хонорар за селектор на фестивалот да го донира во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца – Битола.

После концертот,Синтезис пред присутните на фестивалот ја промовираа и својата монографија -20 години музичко постоење на Синтезис, и раскажаа на публиката неколку анегдоти поврзани со нивното долгогодишно постоење и го презентираа албумот „Остров“.

The Quartet од Скопје, во рамките на Фестивалот на музика од светот изведоа Свита за флејта и џез пијано трио од Клод Болинг, кој го нарекуваат и францускиот Гершвин.

Кубанците танцувачката компанија Фламенко Екос, ги разиграа Битолчани, посебно кога после цела таа егзотика кое фламенкото како стил ја носи во себе, ја изненадија публиката со инструментална изведба на “Слушам кај шумат шумите”  и играњето оро заедно со присутните во салата.

 

Ова е една од најпосакуваните и најпосетувани музички манифестации во градот во текот на годината, на која досега настапиле Ричард Галијано, Наташа Атлас, Васил Хаџиманов, Каролина Гочева, „Фолтин“, Љубојна, Тереза Салгуеро, Карсу Домнез,Исмаил Лумановски и други.

Фотографии : Центар за култура Битола

GOLD
SN Finansii
To Top