Новости

Битола инфо

Куќичката на Дедо Мраз во Битола утре ги отвора вратите за сите

ДА ПОКАЖЕМЕ ХУМАНОСТ, ДА ВНЕСЕМЕ РАДОСТ И НАСМЕВКА ВО СЕКОЕ СРЦЕ

И оваа година Куќичката на Дедо Мраз ги отвора вратите за многу љубов, предновогодишна забава, топлина и радост за секого.

Петта година по ред од 24 до 30 декември, Битола традиционално ќе ја живее новогодишната приказна во препознатливата „Куќичка на Дедо Мраз“ (дрвената куќичка наспроти Саат кулата).

Недела (24 декември) во 13 часот со танцова точка децата од Expose Dance Studio ќе  го пречекаат Дедо Мраз.

 Во останатите денови куќичката ќе биде отворена од 11- 20 часот.

„Куќичката на Дедо Мраз” е хуманитарна акција каде преку повеќе активности: фотографирање, работилници и дружење во домот на Дедо Мраз посетителите донираат парични средства (со секоја купена фотографија) како и облека, нерасиплива храна и играчки за социјално загрозени семејства .

Организирана е од млади ентузијасти кои сакаат да ја направат Битола посреќно место за живеење и да го разбудат доброто во луѓето.

Настанот е поддржан од Општина Битола, ЈП Комуналец и Народен театар Битола.

Да покажеме хуманост, да предизвикаме радост кај оние на кои им е најпотребна.

GOLD
To Top