Новости

Битола инфо

К.К. „Заншин До“ – Битола повторно на врвот

На 03.04. 2019 година се одржа Балканскиот турнир „ГАЗИ БАБА ОПЕН“ во спортска сала „Методи Андонов Ченто“ на кој учествуваа околу 500 натпреварувачи од 50 клубови од Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Албанија , Босна и Херцеговина и Косово . Карате Клуб „ЗАНШИН ДО“- Битола настапи со 21 натпреварувачи во 40 категории и се закити со 2 пехара ,7 злата, 6 сребра и 7 бронзи . Првопласиран за масовност и второ пласиран на севкупен пласман во сите дисциплини.

На овој турнир за прв пат беше официјално категоризирана групата лица со посебни потрбни со што започнува реализацијата на нашата идеја да се развие свеста кај родителите и тренерите дека каратето можат да го тренираат сите деца без обзир на нивниот развој. Како деца со нетипичен развој Вероника Кочов 9 год. и Иван Стефановски 14 год. се закитија со златен медал и ја дигнаа на нозе цела сала со ракоплескање и излив на емоции.

Со златен медал во дисциплина ката индивидуално се закити и Јован Стојковски 2013 год. , во дисциплината маковара со златен медал се закитија: Јован Стојковски 2013год. Јасна Дунгов 2011 год. Поповски Евгениј 2010 год. Емилија Илковска 2009 год. Со сребрен медал во дисциплина ката индивидуално се закити Стефанија Петковска 2003 год. во дисциплината ката тим со сребрен медал се закитија Маја Симоновска, Ана Костојчиновска и Стефанија Петковска во категорија кадети, во категорија макивара со среберен медал се закитија: Надалина Талевска 2010 год. Димитар Петковски 2010 год. Александар Божиновски 2009 год. и Елена Јончевска 2009 год. Со бронзен медал во дисциплина ката индивидуално за закити Надалина Талевска 2010 год. Со дисциплината макивара со бронзен медал се закитија : Илина Мојанчевска 2009 год. и Алиловска Леона 2009 год. Во дисциплина ката тим со бронзен медал се закитија : Димитар Петковски, Надалина Талевска и Евгениј Поповски машки тим 2010/2011 год. Емилија Илковска , Михаил Стефановски и Александар Божиновски машки тим 2008/09 год. Тони Кулевски , Николина Петковска и Давид Стојчевски машки 2008/09 и Николина Петковска , Надалина Талевска и Давид Стојчевски женски тим 2008/09 год.
На овој турнир повторно покажавме дека сме меѓу најдобрите, К.К. „ЗАНШИН ДО „ БИТОЛА продолжува со подготовки за меѓународниот турнит „ОХРИД ОПЕН“ кој ќе се одржи на 19 мај 2019 год. во Охрид.

GOLD
To Top