Новости

Битола инфо

Лажно пријавил бомба во битолската болница – полицијата го приведе

На 21.12.2019 во СВР Битола било приведено 30 годишно лице од с.Обршани, прилепско, поради лажна пријава на бомба.

Според пријавеното, тој во 14:17 часот од непознат број, телефонски пријавил бомба во Клиничка болница Битола, по што полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека станува збор за лажна пријава, а по преземени мерки утврден бил идентитетот на лицето кое се јавило.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од МВР.

GOLD
To Top