Новости

Битола инфо

Локум фест тринаесета година пркоси на пазарните, естрадните и другите превривања во културата

Балканскиот етно -фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција веќе тринаесета година пркоси на пазарните, естрадните и другите превривања во културата, со цврст курс кон културното , културното наследство, културниот туризам.
Локум фест, како синоним на средба помеѓу културите кои во конзулска Битола, или Манастир битисуваа во османлиското царство…Чалгија, сефардска музика, етно-фјужн и светска музика , односно околку шеесет ансамбли од преку дваесет земји за дванаесет години.Исто толку саеми на ракотворби, изложби на страини и семејни артефакти, го оживува култрното наследство, дружба, прикаските за стара Битола…
Но , не само тоа. Фестивалот веќе привлекува туристи кои доаѓаат за истиот. Тоа за нас е успех, конктетен придонес кон развој на културниот туризам. Годинава доаѓа и телевизиска екипа од Копенхаген која ќе снима репортажа за фестивалот, за Битола и Македонија….
Ве покануваме на отворањето овој Четврток, со Ансамбл Македонија и гостите од Р.Грција, балканската етно звезда Танос Ставрдис и групата dRom.

GOLD
To Top