Новости

Битола инфо

Македонската компанија СН Финансии ги избра најдобрите топ 3 вработени

Најголемата инвестиција на една компанија се вработените, токму ова е мотото на македонската компанија СН финансии со седиште во Битола. Компанијата на свечен настан ги прогласи топ 3 вработени од различни сектори и им додели статуетки.

„За прв пат организираме ваков тип на настан, кој со задоволство можам да кажам дека е изненадување за сите вработени се со цел да ги издвоиме најдобрите и најиновативните. На настанот прогласивме личност на годината за продажба а тоа е Елена Јовановиќ, потоа за најкреативна личност, Радојка Димитријеска и Петар Чороловски беше избран за личност на годината во бекофис. Ова е само мал поттик за тоа како треба компаниите да се грижат за своите вработени. Ние, во СН финансии и понатаму ќе работиме на развој на своите вработени и уверуваме дека овој настан во иднина ќе биде традиција за нас“, потенцира Никола Јошевски, извршен директор на СН финансии.

СН финансии е финансиско друштво е првата Финтек компанија во Битола и во Македонија основана во 2016 година со домашен капитал која е главно фокусирана на одобрување и исплата на кредити, но исто така работи и со издавање гаранции и факторинг.

Нивниот проактивен пристап кон клиентите, квалитетот на услугата и брзината на одобрување и исплата несомнено се клучни фактори кои влијаат на клиентите да се одлучат за нив.

GOLD
To Top