Новости

Битола инфо

Македонското научно друштво – Битола се вклучува во Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор

Универзитетската професорка Мимоза Богданоска Јовановска ќе биде претставник на Македонското научно друштво – Битола и ќе учествува во работата на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор. Во овој Совет членуваат 15 претставници од владините министерства и 16 претставници на граѓански организации, а Конститутивната седница се одржа вчера во Владата на Република Македонија.

-Професорката Богданоска Јовановска, која е член на МНД- Битола доби тригодишен мандат, а е избрана за секторот наука, образование и доживотно учење. Тоа се случува првпат во историјата на МНД-Битола да има можност директно да влијае, да ги креира јавните политики поврзани со граѓанскиот сектор и да придонесува за силен инклузивен дијалог со јавните власти, претседателот на МНД-Битола, Марјан Танушевски

Изборот на претставникот на МНД-Битола го направија здруженијата на граѓани од цела држава по пат на гласање и врз основа на предложена програма за секторот наука, образование и доживотно учење.

– Нашата намера е да дадеме што повеќе предлози, информации и различни мислења до Владата на Република Македонија. Во секторот каде што сум избрана, односно за наука, образование и доживотно учење ќе понудиме вмрежување на граѓанските организации од областа каде што ние дејствуваме, да се фокусираме на актуелните проблеми и истите да ги решаваме. Во мандатниот период од три години ќе изработиме јасна платформа која ќе обезбеди поголема проактивност и развој на граѓанскиот сектор во државата. На овој начин уверени сме дека како МНД-Битола ќе дадеме директен придонес во евроинтегративните процеси, нагласи вонреден професор Мимоза Богданоска Јовановска, избран член на националниот Совет за соработка и развој на граѓанските организации.

Членовите на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор беа избрани со одлука на Владата на Република Македонија и со мандат од 3 години.

Студирајте на БАС
To Top