Новости

Битола инфо

Марш во розево по Широк Сокак – апел за почести превентивни прегледи за рак на дојка

Во организација на здружението „Јасмин“ и здружението „Златно Перо“ од Битола денеска по Широк Сокак се одржа марш во розево со цел да се апелира за навремени превентивни прегледи за рак на дојка, одбележувајќи го месецот октомври како месец за борба против ракот на дојка.

На плоштадот Магнолија се одржа и хуманитарен панаѓур на кој учествуваа голем број компании и поединци, се со цел да се соберат средства кои понатаму ќе се донираат кај болните од рак.

GOLD
To Top